УТРО.мк

ЕУ најавува стратешки план за мали модуларни нуклеарни реактори до 2030 година

ЕУ најавува стратешки план за мали модуларни нуклеарни реактори до 2030 година
Vero

Европската Унија подготвува нов план за нуклеарна енергија, со цел да обезбеди достапна и климатски чиста електрична енергија, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На вториот меѓународен самит за нуклеарна енергија во Булоњ-Бијанкур, близу Париз, таа истакна дека нуклеарната енергија повторно се враќа во глобалната енергетска агенда, а Европа не сака да ја пропушти оваа прилика.

„Гледаме вистинска ренесанса на нуклеарната енергија и Европа мора да биде дел од неа“, рече фон дер Лајен, претставувајќи ја новата европска стратегија за мали модуларни реактори (SMR). Планот е овие компактни реактори да започнат со работа во Унијата до почетокот на 2030-тите години.

Малите модуларни реактори, со капацитет до 300 мегавати, ќе функционираат како дополнување на класичните централи, создавајќи флексибилен, безбеден и ефикасен енергетски систем. Нивните компоненти може да се произведуваат сериски во фабрики, што значително ќе го забрза нивното развивање. „Кога нешто е безбедно за употреба, треба да биде лесно достапно низ цела Европа“, додаде фон дер Лајен, нагласувајќи ја потребата од усогласени регулативи.

Европската комисија најави и финансиска поддршка за инвестиции во оваа технологија, со гаранции од 200 милиони евра. На Самитот се обратија и францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси. Франција, која го домаќини Самитот, веќе ја обезбедува поголемиот дел од електричната енергија од нуклеарни централи, додека Германија, која ги затвори своите реактори, внимателно ги следи дискусиите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран