УТРО.мк

Над 100 милиони долари помалку за Мундијалот: ФИФА гп оптимизира оперативниот буџет

Над 100 милиони долари помалку за Мундијалот: ФИФА гп оптимизира оперативниот буџет
Vero

Светската фудбалска организација ФИФА донесе одлука да ги намали трошоците за претстојното Светско првенство, објави „The Athletic“, повикувајќи се на свои извори во организацијата. Според годишниот извештај на ФИФА за 2024 година, за периодот 2023-2026 година, првично беше предвидено Светското првенство да има оперативни трошоци од 1,12 милијарди долари и вкупен буџет од 3,756 милијарди долари, кој ги опфаќа и наградите за тимовите и телевизиските права.

Сепак, според информации од ФИФА, расходите се намалени за повеќе од 100 милиони долари, а одлуката е донесена директно од седиштето на организацијата во Швајцарија. Портпаролот на ФИФА истакна дека ваквите прегледи на буџетот се рутински и се дел од стратегијата за подобра контрола на расходите, со цел дополнителни средства да се инвестираат во глобалниот развој на фудбалот. Тој ја отфрли поврзаноста на намалувањето на трошоците со претседателските избори како „чиста фикција“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран