
Патниците во авиосообраќајот би можеле да се соочат со значително повисоки цени на авионските билети во наредните месеци поради нарушувањата во Ормускиот теснец и растот на цените на енергенсите, предупредува енергетската аналитичарка Амрита Сен.
Сен, која е основач и директор на аналитичката компанија Energy Aspects, изјави пред британскиот Одбор за буџет дека војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна веќе создава сериозни потреси на глобалниот енергетски пазар.
Според неа, сегашните нарушувања во снабдувањето со енергенси се меѓу најголемите во историјата на пазарот.
„Ова е најголемото нарушување во историјата на енергетските пазари“, изјави Сен, додавајќи дека најсилно погоден е секторот на авионското (млазно) гориво, кое директно влијае на цената на авионските летови.
Иако ценовниот шок засега не достигнал ниво како по руската инвазија врз Украина, аналитичарката предупредува дека последиците допрва ќе се почувствуваат.
„Очекувам прилично значително зголемување на цените на авионските билети. Генерално, треба да очекуваме повисоки цени најмалку во следните неколку месеци“, истакна таа.
Ормускиот теснец е еден од најважните светски енергетски коридори, преку кој минува голем дел од глобалната трговија со нафта.
Секое нарушување на сообраќајот во оваа област веднаш предизвикува раст на цените на енергенсите и дополнителни трошоци за транспортната индустрија.
ОТКРИВАМЕ: Колку заработуваат Македонците во Америка?
Она што најмногу ги интересира луѓето кои планираат да се отселат и да бараат работа некаде во странство, е како се движат платите, од минималниот до максимумот што можат да го заработат, во однос на тоа какви вештини и знаења поседуваат.
Жена која живее и работи во Илиноис решила преку својот TikTok профил да обезбеди информации за платите во споменатата американска држава.
Саатнините може многу да варираат во зависност од тоа во која држава се наоѓате, така што некои минимуми во Илиноис се 13 долари на час. За да не приближи колку е мизерна таа сума, таа изјавила дека за 13 долари може да се купат две шишиња млеко.
Општо земено, келнерите работат за 13 долари на час, додека касиерките заработуваат од 13 до 17 долари на час, во зависност од продавницата.
Од друга страна, менаџерите во ресторан или самопослуга заработуваат 20 до 30 долари на час, додека електричарите се платени 30 долари на час, а заварувачите од 30 до 40 долари на час.
– Ако знаеш занает и работиш во фирма која е во синдикат, можеш да заработиш од 50 до 80 долари на час – вели жената од ТикТок.
Потоа спомна дека работи во банка за недвижнини и дека саатницата и е 24 долари, со бонус за секој заем што го дава кај клиент.
– Просечната плата во Илиноис е околу 4.000 долари месечно, или околу 24-25 долари на час. Овде приближно 30 проценти од платата се одбиваат за даноци и здравствено осигурување, што значи, ако платата е на секои две недели, а чекот е 2.000 долари, нетото останува околу 1.500 на секои две недели – објаснува таа.
Колку Македонци има во САД?
Според американски попис и проценки, околу 60.000 – 70.000 луѓе во САД се изјаснуваат како Македонци по потекло.
Ако се сметаат и втора и трета генерација иселеници, бројката може да достигне 200.000 – 500.000 лица со македонско потекло.
Каде живеат најмногу?
Најголеми македонски заедници има во:
Детроит (Мичиген)
Њу Џерси
Чикаго (Илиноис)
Њујорк
Охајо
Флорида
Македонската дијаспора во САД почнала масовно да се иселува уште на почетокот на 20 век, кога многу Македонци работеле во фабрики, рудници и градежништво.
Денес има и многу успешни Македонци во Америка – бизнисмени, лекари, ИТ инженери и професори.























