
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера на територијата на целата држава се спроведе засилена акциска контрола насочена кон возачите на товарни моторни возила, при што се изречени 37 прекршоци. Акцијата се одвивала од 9 до 14 часот и била реализирана преку Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.
Од вкупниот број мерки, најмногу (12) биле изречени за возачи кои превезувале претовар или вршеле вонреден превоз без користење на церада. Исто така, евидентирани се една мерка за недоволна задолжителна опрема во возило, една за техничка неисправност и 10 мерки за други сообраќајни прекршоци.
Покрај санкциите за возачите, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица, а за сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.























