УТРО.мк

Николоски во Стејт департментот: Разговори за економска соработка и коридорите 8 и 10

Николоски во Стејт департментот: Разговори за економска соработка и коридорите 8 и 10
Vero

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари работни средби во Стејт департмент во Вашингтон, каде се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на политичките и економските односи.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше истакнато силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности, како и кон унапредување на економската и трговската соработка.

Николоски по средбите изјави дека САД остануваат најважниот стратешки партнер на Македонија и земја која најсилно ја поддржува државата на меѓународен план. Тој посочи дека на разговорите се дискутирало за продлабочување на политичките и економските врски, како и за соработката во рамки на НАТО во актуелните безбедносни предизвици.

Посебен акцент на средбите бил ставен на економската соработка, особено во делот на енергетската транзиција и инфраструктурниот развој. Николоски истакна дека се разговарало за напредокот на Паневропските коридори 8 и 10, кои минуваат низ Македонија и имаат клучно значење за економскиот развој и безбедноста на државата.

Дополнително, на средбите било разговарано и за повторно активирање на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, како и за можностите за нов трговски договор кој би овозможил зголемена трговија и повеќе бизнис меѓу Македонија и САД.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран