УТРО.мк

153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија
Vero

Македонската Влада денеска организира специјален лет за враќање на граѓаните кои во изминатиот период побарале евакуација од земјите на Блискиот Исток. Авионот ќе полета од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а поради тоа што нема склучен директен воздушен договор со арапските власти, слетувањето ќе биде на аеродромот во Приштина. Од таму патниците ќе бидат превезени со автобуси до Скопје.

Вкупно 153 лица се пријавени за евакуација: најмногу, 96, се наоѓаат во Катар, следуваат 33 во Кувајт, 15 во Бахреин, а деветмина во Саудиска Арабија. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија истакнува дека сите трошоци и организација на летот се целосно покриени од страна на државата.

Министерот Тимчо Муцунски на почетокот на неделата истакна дека процесот на евакуација од повеќе земји на Блискиот Исток се одвива координирано и се очекува да заврши до крајот на неделата.

Вчера, пак, со лет од Дубаи беа евакуирани 150 патници. Меѓу нив, 125 биле македонски државјани, а останатите патници дошле од Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Германија, Ерменија и Црна Гора.

Во Обединетите Арапски Емирати, според податоците на Министерството, околу 200 македонски државјани сѐ уште се наоѓаат таму, но засега не изразиле потреба да бидат евакуирани.

Минатата недела, 151 патник слета на скопскиот аеродром со лет на Flydubai од Обединетите Арапски Емирати. Покрај мнозинството македонски државјани, меѓу патниците имало и по еден од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, двајца од Косово и четворица со холандско државјанство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран