УТРО.мк

Ивановски избори полуфинале во Загреб

Ивановски избори полуфинале во Загреб
Vero

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб откако во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Хрватот Вито Тонејц со 2-1 во сетови (64 67(5) 62) за три часа игра.

Голема борба се водеше за секој поен и беа одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски).

Во првиот сет првиот брејк на стартот го направи Ивановски, но противникот врати веднаш за 1:1. Во деветтиот гем од сетот Калин уште еднаш успеа да го одземе гемот на сервис на противникот и поведе со 5:4 за сетот да го заврши со 6.4 во гемови. Вториот сет мина со многу пресврт по 2:2, македонскиот тенисер направи брејк за водство од 3:2, но Тонејц во најдолгиот гем во мечот по 18 поени успеа да изедначи на 3:3. Повторно во деветтиот гем Ивановски прави брејк за водство од 5:4, но во следниот гем не ја користи првата меч топка и противникот изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејк. Во „13.тиот гем“ хрватскиот тенисер имаше предност и го доби тај брејкот со 7:5 на поени и изедначи на 1-1 во сетови.

Во решавчкиот сет имаше два брејка и ги направи Ивановски, во четвртиот гем за водство од 3:1 и во осмиот гем за 6:2 во гемови.

Противник во утрешното полуфинале ќе му биде победникот од мечот Емануел Иванишевиќ (син на Горан Иванишевиќ) и Мирза Башиќ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран