УТРО.мк

Ѓурѓевиќ: Со поддршка од Омерагиќ, Македонија добива ВАР стандарди какви што немаат ни најсилните лиги

Ѓурѓевиќ: Со поддршка од Омерагиќ, Македонија добива ВАР стандарди какви што немаат ни најсилните лиги
Vero

ВАР менаџерот и инструктор на ФИФА, Далибор Ѓурѓевиќ, упати големи пофалби за условите во кои функционира проектот за видео асистенција на судии во македонскиот фудбал, нагласувајќи дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и нејзиниот претседател Масар Омерагиќ обезбедиле квалитет кој ретко се гледа дури и во најразвиените фудбалски земји.

„ВАР не е само технологија, тоа е систем што бара поддршка и посветеност. А, кога првиот човек на федерацијата стои зад еден ваков проект, тогаш знаете дека успехот е реална цел“, изјави Ѓурѓевиќ.

Тој нагласи дека условите во кои работат македонските судии можат да се споредат со оние во многу поголеми и побогати фудбалски сојузи, при што ја потенцира новата ВАР соба во зградата на ФФМ.

„ВАР собата ќе биде една од најмодерните во Европа. Дури и во некои од првите десет лиги, судиите немаат вакви услови. Затоа, тие имаат обврска да го оправдаат ова вложување и поддршката што ја добиваат“, рече Ѓурѓевиќ.

Според него, воведувањето на ВАР системот е само еден сегмент од поширокиот напредок на македонскиот фудбал и сигнал за нови позитивни промени во системот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран