УТРО.мк

САД подготвуваат нова „црна листа“ за Балканот: На удар се корумпирани функционери и екстремисти

САД подготвуваат нова „црна листа“ за Балканот: На удар се корумпирани функционери и екстремисти
Vero

Соединетите Американски Држави најавуваат подготовка на нова санкциска листа на поединци и компании од Западен Балкан, како дел од продолжените вонредни мерки што првпат беа воведени во 2001 година. Новиот список, според најавите од Вашингтон, ќе опфати високи функционери, деловни структури и актери инволвирани во корупција, воени злосторства и активности што ја загрозуваат стабилноста во регионот.

Целта на мерката, како што појаснуваат американски официјални лица, е заштита на мирот и демократијата на Балканот, со особен фокус на Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Листата ја подготвува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), а санкциите ќе вклучуваат замрзнување на имот во САД, забрана за влез во земјата и забрана за било какви финансиски трансакции со американски субјекти.

Вашингтон испраќа јасна порака дека ќе продолжи со активна поддршка на борбата против корупцијата и екстремизмот во регионот, особено во контекст на новите геополитички предизвици. Се очекува списокот да биде објавен во наредните недели, а според дипломатски извори, меѓу потенцијалните имиња има и познати политички фигури од Балканот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран