УТРО.мк

Елмас пред трансфер во Премиер-лигата: Астон Вила и Сандерленд испратиле понуди до Лајпциг

Елмас пред трансфер во Премиер-лигата: Астон Вила и Сандерленд испратиле понуди до Лајпциг
Vero

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред нов трансфер летово, откако според информации од Германија за него постојат две конкретни понуди од Премиер-лига, и тоа од Астон Вила и Сандерленд.


Елмас викендов треба да го одигра својот последен натпревар за Наполи, по што ќе им се приклучи на подготовките на македонската репрезентација. Сепак, според најавите, неговата иднина повторно ќе биде поврзана со Лајпциг, каде што формално има договор, откако Наполи и германскиот клуб не успеале да постигнат договор за продолжување на соработката.


Италијанскиот клуб побарал намалување на откупната клаузула од 17 милиони евра, но Лајпциг не прифатил таков услов. Во германскиот клуб, сепак, биле свесни дека македонскиот фудбалер нема да биде во преден план кај стручниот штаб следната сезона, поради што веќе започнале разговори со заинтересираните клубови.


Според германските медиуми, и Астон Вила и Сандерленд се подготвени целосно да го откупат договорот на Елмас, што е и главната цел на Лајпциг ова лето. Германскиот клуб не сака нова позајмица, туку трајна продажба на македонскиот репрезентативец.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран