УТРО.мк

Арсенал е на чекор до шампионската титула во Премиер лигата по повеќе од 20 години

Арсенал е на чекор до шампионската титула во Премиер лигата по повеќе од 20 години
Vero

Арсенал е на чекор од долгоочекуваното крунисување во Премиер-лигата, откако на домашен терен на „Емирати“ со минимални 1-0 го совлада Барнли во претпоследното коло од сезоната.

Херој на вечерта беше Каи Хаверц, кој во 37. минута го искористи прецизно изведениот корнер на Букајо Сака и со удар со глава ја смести топката зад голманот, доволно за трите бода кои може да се покажат како клучни во трката за титулата.

Со овој триумф, „топџиите“ се искачија на врвот на табелата со 82 освоени бодови, оставајќи го Манчестер Сити пет чекори зад себе. Сега целата приказна зависи од исходот на дуелот меѓу Сити и Борнмут, кој се игра вечерва во 20:30 часот.

Доколку тимот од Манчестер не успее да слави, титулата ќе заврши во Лондон и Арсенал ќе ја прекине 22-годишната суша без шампионски трофеј во домашното првенство. Во спротивно, одлуката ќе се пренесе во последното коло, каде Арсенал ќе мора да го завери успехот на гостувањето кај Кристал Палас.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран