УТРО.мк

(ВИДЕО) Ципрас најавува нов политички проект: Се враќа со сопствена партија

(ВИДЕО) Ципрас најавува нов политички проект: Се враќа со сопствена партија
Vero

Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција, најавува политичко враќање. Според објави на медиумот „Прототема“, тој на 26 мај ќе ја претстави својата нова политичка партија, со што формално би се враќа во активната политичка арена.

На социјалната мрежа „Икс“, Ципрас објавил видео кое веднаш привлече внимание поради својата симболика. Во кадарот се појавуваат две момчиња на фудбалски терен, облечени во дресови со броевите 26 и 5: јасна алузија на датумот на промоцијата на новиот политички проект. Пораката што го придружувала видеото е кратка, но сугестивна: „Ниту прерано, ниту прекасно. Сега е време.“

Во грчките медиуми се наведува дека Ципрас во последните денови засилено комуницира преку кратки видео-пораки, во кои негови поддржувачи отворено повикуваат на негово враќање. Дел од пораките што се издвојуваат велат дека „во март било рано“, а дека „во септември би било доцна“, што дополнително го засилува впечатокот за внимателно темпирана политичка кампања.

Најавата за нова партија веќе предизвикува турбуленции во грчкиот опозициски блок. Аналитичарите, како што пренесуваат локалните медиуми, посочуваат дека ваквиот потег може да ги наруши односите и да ја прераспредели политичката тежина меѓу традиционалните опозициски сили, особено во редовите на ПАСОК и СИРИЗА.

Анкетите што се цитираат во грчкиот печат покажуваат интересна динамика: во некои мерења Ципрас има повисок рејтинг од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, додека други сугерираат дека новата политичка формација би можела дури и да го надмине ПАСОК по поддршка, доколку навистина се консолидира.

Паралелно со ова, внимание во јавноста привлекува и најавата на Марија Каристијану, поранешна претседателка на здружението на семејства на жртвите од железничката трагедија во Темпи. Таа оваа недела во Солун треба да ја претстави основачката декларација за формирање на своја политичка партија.

Според достапните истражувања, нејзиното политичко појавување веќе генерира интерес кај широк спектар гласачи: од левицата и десницата до центарот, како и кај помладата популација која традиционално помалку учествува на избори.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран