
Од почетокот на 2027 година, возачите кои патуваат кон Грција ќе мора да исполнуваат нов услов поврзан со задолжителната опрема во возилото. Станува збор за обврска за поседување на нов тип комплет за прва помош, кој според најавите ќе содржи точно дефиниран сет од 16 ставки.
Првично било предвидено правилото да стапи на сила порано, во јуни, но рокот е поместен, а одлуката веќе е формално објавена во Службениот весник на Грција. Со новата регулатива се воведува и финансиска казна од 30 евра за возачите кои нема да го имаат пропишаниот комплет во своето возило.
Новите барања се дел од построг пристап кон безбедноста во сообраќајот, а ќе важат за сите кои транзитираат или патуваат низ грчките патишта по наведениот датум.
















