УТРО.мк

104 прекршоци на мотоциклисти во Битола и Прилеп во рок од два дена

104 прекршоци на мотоциклисти во Битола и Прилеп во рок од два дена
Vero

Во текот на само два дена, полициските службеници на подрачјето на СВР Битола регистрирале вкупно 104 сообраќајни прекршоци извршени од возачи на мотоцикли, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акциската контрола била спроведена на 15 и 17 мај 2026 година, при што полицијата извршила засилени проверки насочени кон мотоциклистите и почитувањето на сообраќајните правила.

Најголем број од санкционираните случаи се евидентирани во Битола, каде што биле казнети 53 возачи, додека во Прилеп биле регистрирани 47 прекршоци. Дополнително, на територијата на Македонски Брод се санкционирани уште четири мотоциклисти.

Според податоците од МВР, речиси половина од прекршоците се однесуваат на некористење заштитна кацига, вкупно 47 случаи. Следуваат 28 случаи на управување без возачка дозвола, како и девет прекршоци поврзани со нерегистрирани мотоцикли и мопеди.

Во евиденцијата се забележани и четири случаи со истечена важност на осигурителна полиса, две санкции за возење под дејство на алкохол, додека останатите 12 прекршоци се однесуваат на други прекршувања на сообраќајните правила.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран