УТРО.мк

Хрват починал по слошување во кафеана во Неготино, нема обдукција ниту одговор од што умрел

Хрват починал по слошување во кафеана во Неготино, нема обдукција ниту одговор од што умрел
Vero

Сè уште нема официјален одговор за причината за смртта на 48-годишен хрватски државјанин кој починал пред Велигден во Неготино, откако му се слошило во угостителски објект во градот.


Според информациите, на С.М. му се слошило во кафеана во Неготино, по што интервенирала Итната медицинска помош и тој бил упатен кон Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Сепак, лицето починало за време на транспортот, по што возилото било вратено назад во Неготино.
Од Основно јавно обвинителство Кавадарци соопштиле дека не е наредена обдукција бидејќи дежурен лекар констатирал природна смрт и немало сомнеж за насилство.


„ОЈО Кавадарци е известено за настанот, обдукција не е наредена бидејќи лекар констатирал природна смрт и нема сомнение во однос на причините за смртта“, информирале од обвинителството.
Случајот предизвика реакции во јавноста, особено затоа што смртта настапила ненадејно, а во други слични случаи обвинителствата барале обдукција и кога немало видливи траги на насилство.


Од ЈЗУ Здравствен дом Неготино посочиле дека детална лекарска документација за случајот е доставена до надлежните институции.
Во соопштението од здравствениот дом дополнително се демантираат шпекулациите околу смената на раководителот на Итната медицинска помош, наведувајќи дека станува збор за редовна кадровска промена по враќање на докторка од специјализација.


Случајот првично не бил пријавен во полиција, но подоцна, по пријава од граѓанин на 14 април, полициски службеници од ОВР Неготино започнале проверки и разговарале со повеќе лица.


Од СВР Велес информираат дека било утврдено оти на 8 април хрватскиот државјанин бил донесен во Итната медицинска помош во Неготино, каде и покрај укажаната помош починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а телото потоа било предадено на погребална компанија во Неготино и по завршување на процедурите било транспортирано во Хрватска.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран