УТРО.мк

Пукање по недоразбирање за паркинг: Приведен 73-годишник

Пукање по недоразбирање за паркинг: Приведен 73-годишник
Vero

Поради расправија околу паркирање на возило, семејна кавга во скопско село завршила со пукање и полициска интервенција.

Случајот се одиграл на 16 мај 2026 година, кога околу 14 часот пред семејната куќа избувнала расправија меѓу двајца браќа. Според информациите од МВР, вербалниот конфликт околу тоа каде било паркирано возило брзо ескалирал, по што 73-годишен маж извадил пиштол и испукал кон својот 71-годишен брат, како и кон членовите на неговото семејство.

Инцидентот бил пријавен во полиција, а неколку часа подоцна, во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода осомничениот, идентификуван со иницијали Ј.Д., жител на скопско село.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против сторителот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран