УТРО.мк

Масовно намалување на администрацијата во Нов Зеланд: Се кратат 14% од државните службеници

Масовно намалување на администрацијата во Нов Зеланд: Се кратат 14% од државните службеници
Vero

Нов Зеланд се подготвува за една од најголемите реформи во јавниот сектор во последните години, откако владата најави план за значително намалување на бројот на државни службеници и редизајн на администрацијата до 2029 година.

Министерката за финансии Никола Вилис соопшти дека државата ќе се насочи кон драстично намалување на трошоците преку редуцирање на бирократијата и поефикасно функционирање на институциите. Според планот, околу 14 проценти од вработените во државната администрација би можеле да останат без работа во рамки на неколкугодишниот процес на реорганизација.

Вилис нагласи дека реформата не се однесува на клучни професии како наставници, лекари и припадници на војската, туку на административниот и управувачкиот апарат. Таа додаде дека дел од заштедите ќе дојдат и од намалување на буџетите на повеќето владини агенции, како и од спојување и редуцирање на нивниот број.

Една од целите на планот е и забрзана дигитализација на јавниот сектор, при што се очекува поширока примена на вештачка интелигенција во секојдневното работење на државните служби.

Проценките на владата укажуваат дека овие мерки би можеле да донесат заштеди од околу 1,4 милијарди долари, додека во главниот град Велингтон би се намалил бројот на државни службеници за околу 8.700 луѓе.

Во моментов, околу 1,2 проценти од населението во Велингтон работи во јавниот сектор, но по спроведувањето на реформите тој удел би се намалил на околу еден процент, посочи министерката.

Покрај кадровските промени, владата планира и рационализација на државната структура, при што сегашните 39 агенции би биле намалени на помал, сè уште неутврден број.

Иако владата го претставува планот како чекор кон поефикасна и посовремена администрација, синдикатите и опозициските партии остро реагираа и го критикуваа како ризичен и со потенцијални негативни последици за вработените и јавните услуги. Премиерот Кристофер Лаксон, пак, ја оцени идејата за трансформација на јавниот сектор како амбициозна и „возбудлива насока“ за земјата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран