УТРО.мк

Приведен 52-годишник од гостиварско за продавање дрога

Приведен 52-годишник од гостиварско за продавање дрога
Vero

Во селото Неготино во гостиварскиот регион, вчера околу 21:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате спровеле акција во која бил лишен од слобода 52-годишен жител со иницијали В.А.

Како што информираат надлежните, лицето било предмет на потерница по судска наредба издадена од Основниот суд во Гостивар, поради обврска за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци.

Казната се однесува на сторено кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, согласно член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, В.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што ќе ја издржува изречената затворска казна.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран