УТРО.мк

ВЛЕН: Али Ахмети се крие зад студентските протести

ВЛЕН: Али Ахмети се крие зад студентските протести
Vero

ВЛЕН жестоко реагираше по протестите поврзани со барањето правосудниот испит да се полага и на албански јазик, обвинувајќи дека зад целата „врева“ не стои вистинска грижа за студентите, туку политичка борба за враќање на изгубената власт.

Во соопштението, од ВЛЕН порачаа дека протестот е демократско право кое никој не го оспорува, но дека проблемот, според нив, е обидот истиот да се искористи за политички манипулации.

„Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик – Муса Џафери и Блерим Беџети“, наведуваат од коалицијата, обвинувајќи дека токму луѓето кои сега ја отвораат оваа тема, не успеале да ја решат додека биле на власт.

Од ВЛЕН велат дека веќе започнале институционални разговори за решавање на проблемот и потсетуваат дека во Владата се одржала средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на коалицијата, на која било разговарано професионалните испити да станат достапни и на албански јазик.

„Студентите побараа правосудниот испит да биде на албански, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик. Многу скоро тоа ќе стане реалност“, порачаа од коалицијата.

Во реакцијата директно беше споменат и Али Ахмети, за кого ВЛЕН тврди дека се обидува политички да профитира од незадоволството кај студентите.

„Албанците многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт. Зошто Али Ахмети се крие зад студентите?“, прашуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата апелираа студентите да не подлегнуваат на политички влијанија и порачаа дека решението за ова прашање е „многу блиску“, нагласувајќи дека темата не смее да се претвори во конфликт меѓу институциите и младите.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран