
Во Тетово е регистриран случај на насилен инцидент врз малолетник, за кој полицијата веќе презема мерки за целосно расчистување.
Според пријава поднесена од 49-годишен жител на градот, неговиот син бил нападнат во утринските часови, околу 09:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич“ и „Јане Сандански“.
Како што стои во пријавата, во инцидентот учествувале тројца негови соученици, кои, покрај физичката сила, употребиле и метален предмет.
Од надлежните служби информираат дека се работи на целосно документирање на настанот, во соработка со родителите на инволвираните деца, како и со Центарот за социјални работи, со цел утврдување на сите околности околу случајот.
















