УТРО.мк

Случај на измама во Тетово: Продаден автомобил, исплатена само една рата

Случај на измама во Тетово: Продаден автомобил, исплатена само една рата
Vero

Во обид да заработи од продажба на својот автомобил, жител на тетовско село останал и без возилото и без најголемиот дел од договорените пари. Случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово, а полицијата веќе презема активности за негово расчистување.

Според пријавата, 36-годишниот сопственик пред околу половина година му доверил полномошно на 37-годишниот А.Л. од тетовското село Палчиште, овозможувајќи му да го користи и управува патничкото возило „Нисан Микра“ со тетовски регистарски таблички.

Меѓу двајцата бил постигнат договор автомобилот да биде продаден за 4.500 евра, при што сумата требало да се исплаќа на рати од по 1.000 евра месечно. Но, наместо целосна исплата, сопственикот добил само една рата од 1.000 евра, по што исплатите целосно запреле.

Дополнителен шок следувал кога оштетениот дознал дека возилото, без негова согласност и знаење, било препродадено на трето лице за 3.200 евра.

Од СВР Тетово информираат дека работат на целосно расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со наводната измама.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран