УТРО.мк

Возел 203 км/ч: Косовски државјанин лишен од слобода кај Гевгелија

Возел 203 км/ч: Косовски државјанин лишен од слобода кај Гевгелија
Vero

Во текот на вчерашната вечер, околу 22:18 часот, на автопатот А1 во близина на клучката Смоквица во гевгелискиот регион, полициските службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија привеле 30-годишен државјанин на Косово, Б.Т., откако бил фатен како вози со значително надмината брзина.

Контролата на сообраќајот, извршена со радар, покажала дека возилото „Ауди А6“ со косовски регистарски таблички се движело со 203 километри на час, иако на тој дел од автопатот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Веднаш по констатираниот прекршок, возачот бил исклучен од сообраќај, а за случајот бил информиран дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Против него е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на „безобѕирно управување со моторно возило“.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран