УТРО.мк

МВР апелира: Проверете ја важноста и подигнете ги вашите лични документи

МВР апелира: Проверете ја важноста и подигнете ги вашите лични документи
Vero

Во пресрет на летната сезона и зголемената раздвиженост поради годишните одмори, Министерството за внатрешни работи упати повик до граѓаните што поскоро да ги подигнат своите веќе изработени лични документи, со цел да се избегнат метежи и долги чекања во наредниот период.

Од МВР информираат дека управните служби во моментов функционираат со засилено темпо и значително подобрена организација. Според институцијата, новиот систем на работа овозможува побрзо закажување термини за фотографирање, пократко задржување пред шалтерите и навремена изработка на документите, во голем број случаи и пред законскиот рок.

Надлежните посочуваат дека токму сега е вистинскиот момент граѓаните да ја проверат важноста на своите лични карти, пасоши и возачки дозволи, особено пред очекуваниот наплив на барања во текот на летото, кога во земјава традиционално пристигнуваат и иселениците од дијаспората.

„Со навремено подигнување на готовите документи, секој граѓанин придонесува системот да продолжи да функционира без застои и непотребни турканици. Целта е услугите да останат брзи и достапни за сите“, потенцираат од Министерството.

Од таму уверуваат дека службите се целосно подготвени за зголемен обем на работа, но апелираат граѓаните да не чекаат последен момент за подигнување или обновување на документите.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран