УТРО.мк

Џефри Гил тргнува кон Ла Манш – млад пливач со македонско срце пред најголемиот предизвик

Џефри Гил тргнува кон Ла Манш – млад пливач со македонско срце пред најголемиот предизвик
Vero

Во Министерството за спорт денеска беше примена млада спортска надеж – 18-годишниот Џефри Гил, Британец со македонско потекло, кој се подготвува за еден од најтешките подвизи во пливањето: препливување на каналот Ла Манш.

Џефри, кој има повеќе од десет години искуство и во базенски и во маратонски дисциплини, на 16 август ќе се обиде да стане само четвртиот Македонец што го препливал Ла Манш – подвиг што бара огромна физичка и ментална подготвеност.

Во разговорот со министерот за спорт, Борко Ристовски, Џефри зборуваше за својата поврзаност со Македонија и желбата еден ден да го преплива и Охридското Езеро, симболот на македонската традиција во маратонското пливање.

„Џефри има силен спортски дух и уште посилна љубов кон своите корени. Како Министерство, ќе му дадеме целосна поддршка на овој млад пливач кој носи гордост и инспирација“, рече министерот Ристовски.

Џефри Гил ќе плива низ студените и непредвидливи води на Ла Манш, но носи топлина во срцето – љубовта кон Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран