Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје
Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Секторот за комунални работи при Град Скопје ги известува пчеларите да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.
Доколку временските услови не дозволат извршување на дезинсекцијата, таа ќе биде реализирана првиот нареден ден со поволни услови, во истиот временски период, соопшти Град Скопје.