Скопје, 19 август 2025 – Утре, 20 август, делови од скопската општина Ѓорче Петров и општина Зелениково ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати, соопштува ЕВН.
Во периодот од 08:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат повеќето корисници на улиците: Рафаел Батино, Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковци, Стево Филиповиќ, како и дел од улицата Браќа Галеви во Ѓорче Петров.
Истовремено, од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица 2 во месноста М.В. Село, општина Зелениково.
Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на планираните прекини и да ги завршат своите обврски пред најавеното исклучување.