УТРО.мк

ВИДЕО Трамп: Ги помирив „Азербејџан“ и Албанија

ВИДЕО Трамп: Ги помирив „Азербејџан“ и Албанија
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп направи лапсус во радио-интервју со конзервативниот коментатор Марк Левин, изјавувајќи дека посредувал во мир помеѓу Азербејџан и Албанија.

Трамп се повикуваше на неодамна постигнатата мировна декларација меѓу Азербејџан и Ерменија, која ги доближи двете земји до завршување на повеќедеценискиот конфликт, но притоа ја замени Ерменија со Албанија.

„Видовте, тоа беше голем конфликт кој траеше 34, 35 години со… Албанија. Размислете за тоа“, изјави Трамп, притоа тешко изговарајќи го и името на Азербејџан.

Претседателот ја искористи приликата да ги пофали своите надворешнополитички потези, повторувајќи дека во текот на неговиот втор мандат биле завршени седум војни.

Иако декларацијата меѓу Азербејџан и Ерменија не го стави крај на 37-годишниот спор, се смета за значаен чекор кон мир, за разлика од „помирувањето“ со Албанија на кое Трамп погрешно се повика.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран