УТРО.мк

Скопјанец уапсен кај Лесковац со огромна количина кокаин

Скопјанец уапсен кај Лесковац со огромна количина кокаин
Vero

Вишото јавно обвинителство во Лесковац одреди притвор за И.С. од Скопје, осомничен за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Според информациите, припадници на српското Министерство за внатрешни работи запреле автомобил „Форд“ на автопатот Ниш–Лесковац, кој го управувал осомничениот.

При детална контрола, во шуплините на предното десно крило биле пронајдени девет пакети со вкупно 8.370 грама кокаин.

Дрогата е одземена, а осомничениот е уапсен и спроведен пред надлежните органи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран