УТРО.мк

Лондон подготвен да испрати војници во Украина

Лондон подготвен да испрати војници во Украина
Vero

Велика Британија е подготвена да распореди војници во Украина со задача да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и да учествуваат во директни борбени операции против Русија. Ова го изјави началникот на британската армија, Тони Радакин, за време на разговорите во Пентагон, пренесе „Гардијан“.

Радакин, кој е началник на Генералштабот, во Вашингтон учествува во финализирањето на обврските што 30 земји се подготвени да ги преземат за безбедноста на Украина по војната. Лондон, според британски претставници, ќе обезбеди логистичка поддршка и обука, но нема да испраќа војници на руската граница.

Првично се разгледувала идејата за распоредување до 30.000 војници, но таа е отфрлена поради противење од дел од европските земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД нема да испраќаат војници во Украина. „Ги имате моите гаранции за тоа. И јас сум претседател“, изјави тој за „Фокс њуз“.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили минатата недела нагласи дека Лондон е решен да ѝ помогне на Украина да го обезбеди своето небо и море и да ги зајакне сопствените сили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјави дека очекува безбедносните гаранции да бидат финализирани во рок од десет дена.

Според британските претставници, присуството на нивните сили би било ограничено на логистика, обука и заштита на украинската инфраструктура, без директен судир со руските трупи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран