УТРО.мк

Медведев со силни навреди за Макрон

Медведев со силни навреди за Макрон
Vero

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, со навредливи зборови се осврна на францускиот претседател Емануел Макрон, коментирајќи ја неговата позиција околу преговорите за прекин на огнот во Украина.

Медведев изјави дека Москва нема да прифати присуство на трупи на НАТО како мировници, оценувајќи ја таквата можност како неприфатлива „безбедносна гаранција“.

„Експлицитно беше кажано: НЕ за трупите на НАТО како мировници. Русија нема да прифати таква гаранција. Но зарипнатата, патетична птица продолжува да кукурика за да докаже дека е крал на кокошарникот“, рече Медведев, нарекувајќи го Макрон „галски петел без мозок“.

Изјавата следува откако Макрон претходно оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен да ја заврши војната.

Европските лидери, пак, на состанокот во Брисел нагласија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и напорите за воспоставување прекин на огнот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран