УТРО.мк

Полицијата во акција – Откриено оружје и муниција, има уапсени

Полицијата во акција – Откриено оружје и муниција, има уапсени
Vero

Тројца жители на Штип се лишени од слобода откако во нивниот дом биле пронајдени три автоматски пушки и муниција. Како што соопшти СВР Штип, на 19 август во 18:30 часот полициските службеници ги привеле Е. Д. (21), Н. Р. (38) и 26-годишната В. М.

При претресот на домот на Е. Д., каде биле затекнати Н. Р. и В. М., полицијата пронашла и одзела три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, пет метални рамки со по 30 куршуми и две метални рамки со по 20 куршуми калибар 7,62 милиметри.

СВР Штип информира дека против приведените ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран