УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: 15-годишно дете тешко повредено со мотор

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: 15-годишно дете тешко повредено со мотор
Vero

Вечерва во скопската населба Радишани, во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа во која 15-годишно дете се здобило со тешки повреди.

Според првичните информации, малолетникот управувал мотор кога во него удрил автомобил. Момчето паднало на земја, додека моторот бил целосно оштетен. Очевидци за „4NEWS.mk“ посочуваат дека повредите биле сериозни, по што веднаш било пренесено во болница со Брза помош. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на детето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран