УТРО.мк

Утре без струја дел од Тетово и неколку села – Проверете дали сте на списокот

Утре без струја дел од Тетово и неколку села – Проверете дали сте на списокот
Vero

На 21 август 2025 година, делови од Тетово и околните населени места ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички интервенции.

Прекините ќе започнат во 09:00 часот и ќе траат различно во зависност од локацијата:

Тетово – објекти на ул. Љубо Божиновски Пиш, прекин од 09:00 до 14:30 часот.

Ново Село (Желино) – објекти во горниот дел од селото, прекин од 09:00 до 14:30 часот.

Боговиње (с. Палчиште и с. Боговиње) – прекин од 09:00 до 15:30 часот.

Енергетските компании апелираат до граѓаните да се подготват за прекините и да ги исклучат електричните апарати за да се избегнат можни штети.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран