УТРО.мк

Полска во паника: Дрон „Shahed“ експлодира во поле близу Варшава

Полска во паника: Дрон „Shahed“ експлодира во поле близу Варшава
Vero

Силна експлозија го потресе селото Осини, на околу 80 километри од Варшава, откако во ноќта меѓу вторник и среда во полско кукурузно поле паднал и експлодирал неидентификуван објект. Според првичните и неофицијални информации, станува збор за ирански дрон „Shahed“, какви што Русија користи во војната во Украина.

Експлозијата предизвика разнесување на делови на неколку десетици метри и разби прозорци на три куќи. Локални жители сведочат дека силниот удар ги разбудил во текот на ноќта. „Го почувствував тресокот на прозорците, а наутро видов полициски светла“, изјави еден од мештаните за Łuków.TV.

Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови, меѓу кои и предмет што личи на пропелер. Местото на инцидентот е обезбедено, а во потрагата по остатоците се вклучува и полската војска.

Регионалниот обвинител на Лублин, Гжегож Трусјевич, потврди дека според првичната истрага станува збор за воен дрон, најверојатно со експлозивна содржина.

Иако нема повредени, настанот предизвика паника во Полска, која и понатаму е во состојба на висока подготвеност поради честите нарушувања на воздушниот простор од страна на руски и украински проектили од почетокот на војната.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран