Во текот на вчерашниот ден, 19 август, на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена засилена акциска контрола на возила и возачи. При контролата санкционирани се вкупно 37 возачи за непрописно паркирање, од кои 23 во Тетово и 14 во Гостивар.
Со специјално возило „пајак“ биле подигнати 26 автомобили (13 во Тетово и 13 во Гостивар). Дополнително, санкционирани се и 44 други сообраќајни прекршоци – 30 во Тетово и 14 во Гостивар.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописите, со цел зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот.