УТРО.мк

Ѓорѓиевски: „Советите на Влатко Стефановски ќе бидат дел од програмата за градот“

Ѓорѓиевски: „Советите на Влатко Стефановски ќе бидат дел од програмата за градот“
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со светски познатиот музичар Влатко Стефановски и кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, на која разговараа за културата и развојот на Скопје како европска метропола.

Ѓорѓиевски истакна дека разговорот со Стефановски бил инспиративен и дека музичарот, како вистински скопјанец и гордост на Македонија, споделил идеи и совети кои ќе бидат вклучени во програмата за поубаво и покултурно Скопје.

„Кога културата и музиката се спојат со визија и работа, градот станува повеќе од урбана средина – станува дом на духот, уметноста и заедништвото,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Кандидатот потенцираше дека со заеднички напори Скопје ќе се трансформира во културно катче достојно за идните генерации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран