УТРО.мк

Меџити: „Модерна инфраструктура за стабилна вода за пиење во Чаир“

Меџити: „Модерна инфраструктура за стабилна вода за пиење во Чаир“
Vero

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети изградбата на новата водоводна мрежа на улицата „Аврам Писевски“ во населбата Гази Баба. Проектот се реализира преку Министерството за животна средина и просторно планирање и претставува значаен чекор за унапредување на инфраструктурата.

„Овој инвестиционен проект е доказ дека кога се работи со координација и посветеност, позитивните промени стануваат видливи. Граѓаните ќе добијат сигурно и стабилно снабдување со вода за пиење, како и поквалитетен живот во годините што следат,“ изјави Меџити.

Тој потенцираше дека институциите не треба да остануваат затворени во канцеларии, туку да бидат постојано на терен, меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните потреби и обезбедувајќи конкретни резултати.

„Не остануваме во канцеларија. Излегуваме на терен, ги слушаме граѓаните и се грижиме секое ветување да стане опиплив резултат,“ порача Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран