
Делови од општините Аеродром и Центар утре, 1 септември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според најавата, во Аеродром прекинот ќе трае од 08:00 до 14:00 часот и ќе го опфати подрачјето Аеродром – Скопје – Аеродром.
Во Центар, без струја ќе има од 08:30 до 14:00 часот, на дел од Ул. 1732, во близина на Градскиот парк кај тениското игралиште Југ, како и кај рестораните Уранија, Маракана и Вршал и К.К. Работнички.
Станува збор за планирани прекини, а граѓаните од овие подрачја се советуваат навреме да ги планираат обврските во периодот додека трае прекинот.

















