УТРО.мк

Меџити: Денес започна реализацијата на автопатот Скопје–Блаце

Меџити: Денес започна реализацијата на автопатот Скопје–Блаце
Vero

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска го оцени поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за земјата и за Албанците во Северна Македонија.

Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, премиерот на Косово Албин Курти, првиот вицепремиер Беким Сали, копретседателот на ВЛЕН Билал Касами, заменик-министерката Калтурина Зеколи и други претставници, Меџити порача дека со поставувањето на камен-темелникот е направен важен чекор кон реализацијата на патот кој ќе ги поврзе Скопје и Приштина.

„Тоа е патот што го поврзува Скопје со Приштина. Две престолнини, две економии, илјадници семејства, бизниси и луѓе кои секојдневно се движат меѓу Косово и Северна Македонија“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека овојпат не станува збор само за најави и планови, туку за конкретен проект чија реализација започнува.

„Денес не зборуваме за тоа што ќе биде. Денес го започнавме“, порача Меџити.

Според него, политичката тежина не се мери со зборови, туку со конкретни резултати и проекти што се реализираат во интерес на граѓаните.

„Тежината во Владата не се мери со зборови. Се мери со она што можеш да го направиш за својот народ“, порача Меџити.

Тој додаде дека автопатот Скопје–Блаце е еден од резултатите што, како што вели, најдобро ја покажуваат политичката тежина и способноста за реализација на крупни инфраструктурни проекти.

„Скопје поблиску до Приштина. Албанците поблиску едни до други. Нашата работа се гледа“, порача Меџити по повод почетокот на реализацијата на проектот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin