УТРО.мк

Утре без струја повеќе улици во Скопје и цело Мралино

Утре без струја повеќе улици во Скопје и цело Мралино
Vero

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во делови од општина Гази Баба и во селото Мралино, во општина Илинден.

Од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Жан Жорес“, „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“. Прекинот е поради работи за одржување на трафостаницата „Маџари 9“.

Во периодот од 08:40 до 10:40 часот, без електрична енергија ќе биде селото Мралино, поради работи во близина на 10-киловолтен далековод.

Од 12:00 до 15:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на улиците „Благоја Стефковски“ и „Анри Барбис“, поради одржување на трафостаницата „Маџари 8“.

Работите во трафостаниците опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловските глави и трансформаторите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран