
Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека работите продолжуваат и дека Чаир се менува, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е клучен приоритет.
Обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација треба да придонесе за подобра прегледност на улиците и пешачките премини и за побезбедно секојдневно движење на пешаците и возачите.























