
Двајца малолетници, на возраст од 17 и 16 години, се лишени од слобода по напад врз 62-годишен маж во близина на трговски центар во Тетово, соопшти полицијата.
Според полицискиот билтен, настанот се случил вчера околу 12:30 часот. Малолетниците физички го нападнале М.Ш. (62) од селото Одри и му одзеле пари.
Кога оштетениот успеал да го задржи 17-годишникот, тој, според пријавеното, му нанел повреда со остар предмет.
Во тој момент покрај местото поминувала полициска патрола, која го лишила од слобода 17-годишникот. По преземени мерки, во 16:15 часот во Тетово бил пронајден и приведен и 16-годишникот.
Двајцата биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирањето ќе следува соодветен поднесок.























