УТРО.мк

Прво автомобилот, потоа и куќата: Полицијата одзела бела материја, ваги и пари

Прво автомобилот, потоа и куќата: Полицијата одзела бела материја, ваги и пари
Vero

Четириесет и деветгодишниот С.С. од Велес е лишен од слобода откако полицијата пронашла бела грутчеста материја во автомобилот што го управувал.

Според МВР, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го привеле на 29 октомври во 20:15 часот. Материјата била пронајдена и одземена при преглед на „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки.

Подоцна, по наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом. Таму биле пронајдени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети.

С.С. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирањето на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран