
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (35) од Крива Паланка поради сомнение за напад врз полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 август годинава на подрачјето на Куманово.
Жената се сомничи за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.























