УТРО.мк

Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште

Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште
Vero

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија утре, 30 октомври, ќе има во делови од Тетово и во неколку населени места во Тетовско.

Од 06:00 до 06:20 часот, без струја ќе бидат објекти во централниот дел на Тетово, од „Монопол“ до автобуската станица, објектите кај Спортскиот центар, „Тетовчанка“, „Палма мол“, „Труд“, ТИРЗ, објектите кај ЕМО, населбата Станбена, како и објектите кај „Пино“ и Кожара.

Од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има во дел од селото Челопек, кај училиштето во Горни Челопек, како и во дел од Тетово кај ООУ „Лирија“. Во истиот термин без струја ќе бидат и објектите на патот за Требош.

Во селото Мерово, во општина Желино, прекинот е најавен од 09:30 до 13:45 часот. Од 09:45 до 13:45 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Прељубиште, во општина Јегуновце.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран