УТРО.мк

Тешка трагедија во Кападокија – се урна еден од „самовилските оџаци“, има загинати

Тешка трагедија во Кападокија – се урна еден од „самовилските оџаци“, има загинати
Vero

Најмалку три лица загинале, а петмина се повредени по уривање на карпеста формација на влезот во музејот на отворено во Ѓореме, во турската област Кападокија.

Несреќата се случила во четвртокот напладне, кога се урнала една од препознатливите природни формации познати како „самовилски оџаци“. На местото се испратени бројни спасувачки екипи и амбулантни возила, а потрагата продолжува.

Гувернерот на Невшехир, Хусеин Ќок, во првичната изјава соопштил за две извлечени тела и еден повреден пренесен во болница. Подоцнежните информации наведуваат најмалку тројца загинати и петмина повредени.

Причината за уривањето сè уште не е утврдена. Се разгледува можноста влијание да имале обилните врнежи во претходните часови.

Во туристичката област имало зголемена посетеност поради националниот празник на 29 октомври, кога Турција го одбележува прогласувањето на Републиката.

Ѓореме е познат по карпестите формации создадени со ерозија на вулкански карпи, како и по црквите и манастирите издлабени во карпите. Областа е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Поради дождот и силниот ветер биле откажани и летовите со балони за 29 и 30 октомври. Оваа популарна туристичка активност се одвива само кога надлежните служби ќе оценат дека условите се безбедни.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран