УТРО.мк

Хеликоптер на ЕУФОР пред малку се урна во близина на Брчко – три лица загинаа

Хеликоптер на ЕУФОР пред малку се урна во близина на Брчко – три лица загинаа
Vero

Летало на ЕУФОР се урнало во четвртокот на подрачјето на Брчко, во Босна и Херцеговина, за време на рутинска операција, потврди меѓународната воена мисија.

Според „Дневни аваз“, станува збор за воен хеликоптер, а во несреќата загинале три лица што се наоѓале во него. Во пренесеното соопштение на ЕУФОР не е наведен бројот на жртви.

Од мисијата соопштиле дека нема повредени цивили, ниту штета врз цивилната инфраструктура, имотот или возилата.

ЕУФОР спроведува целосна и темелна истрага, а дополнителни информации ќе објави откако ќе бидат утврдени фактите.

Од мисијата ги повикале граѓаните да не шират дезинформации и да ги следат официјалните канали. Причините и околностите на несреќата засега се утврдуваат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран