УТРО.мк

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа
Vero

Повеќе населени места и делови од Тетово утре, вторник, 3 ноември 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.

Од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат Џепчиште, вклучително и индустриските објекти во селото, Отуње, Једоарце, Сетоле, дел од Порој, Ѓермо и ХПП „Брза Вода“.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин е најавен во Стенче и Волковија, како и во „Њу Кантри“, „Башким Турс“ и водната пумпа во селото Блаце.

Во истиот термин, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од Порој, кај објектите во близина на училиштето.

Од 09:30 до 13:45 часот, прекинот ќе опфати дел од Доброште, кај објектите на патот кон селото Глоѓи.

Во Тетово, од 09:30 до 14:15 часот, без струја ќе останат дел од објектите спроти ОУ „Лирија“, додека од 09:30 до 13:45 часот прекин ќе има во дел од населбата Дреновец, кај објектите кај лозјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран