УТРО.мк

Скопје се пече на 43 степени – дали денес ќе падне температурниот рекорд?

Скопје се пече на 43 степени – дали денес ќе падне температурниот рекорд?
Vero

Скопје утринава го започна денот со 30 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека не очекува потенцијално најтоплиот ден во последниот век – со прогноза до екстремни 43 степени.

Времето ќе биде претежно сончево и исклучително жешко, со слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Минималните утрински температури во земјава се движат од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се движат помеѓу 37 и 43 степени.

Во главниот град, минималната температура изнесуваше 21 степен, а максималната, според прогнозите, би можела да го достигне историскиот максимум од 43 степени. Највисоката досега измерена температура во Македонија е 43,4°C, регистрирана на 24 јули 2007 година токму во Скопје.

Дали денес ќе биде нов рекорден ден за метеоролошката историја на земјата, ќе покаже термометарот во попладневните часови. Властите апелираат до граѓаните да останат во затворени простории, да избегнуваат физички активности и да внесуваат многу течности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран