УТРО.мк

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел
Vero

Во сабота, 7 ноември, по повод Задушница, СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник, Драчево и Ѓорче Петров. Кај градските гробишта во Бутел, од 6 часот наутро сообраќајот ќе се одвива еднонасочно, по кружна траса.

  • За влез:Возилата ќе се движат по „Бутелска“, ќе свртат лево на „Александар Урдаревски“, потоа лево на „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата.
  • За излез:Возилата ќе свртат десно на „Боца Иванова“ и ќе продолжат до кружниот тек на „Бутелска“. Оттаму ќе се движат лево по „Бутелска“, па десно на „Кемал Сејфула“.

МВР ги повикува возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници на улиците опфатени со изменетиот режим.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран